мај 8, 2021

Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост од КОВИД 19

Во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост од КОВИД 19 и други катастрофи„ финансиран од Европската Унија, во период од 5-7 мај 2021 во Центарот „Солферино“ во Струга, Црвениот крст на РСМ организираше работилница за самопроценка на капацитетите на Националното друштво за спроведување на помош во парични средства или ваучери.

На работилницата учествуваат претставници на стручната служба на Црвен крст на РСМ, секретари, вработени и волонтери од двете општински организации на ЦК и Црвен крст на град Скопје, на Општинската органиција на Црвен крст Струмица ја претставуваше Танкица Стојанова. Работилницата ја фасилитираа претставници на Црвен крст на Србија и Австрискиот ЦК.

Целта на работилницата е да се направи само процена на капацитетите на НД за спроведување на готовински трансфер и да се подготви план за акција за идни активности.

Tags: , , ,
< врати се назад