август 31, 2021

Селектирање во Гевгелија за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Во Гевгелија беше извршено селектирање на пријавените кандидати за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

На огласот се пријавија 18 лица, од кои селектирањето го поминаа осум.

Претходно беше извршена селекција на кандидати во Радовиш, а обуката за избраните почнува на 6 септември.

Селекцијата на кандидатите се спроведува врз основа на објавениот оглас за  верификацијата на посебната програма за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Струмица, во рами на проектот „Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ“, поддржан од Австриската агенција за поддршка на развојот, Австрискиот црвен крст, Црвен крст на РСМ и Швајцарскиот црвен крст.

Tags: , , ,
< врати се назад