октомври 3, 2021

Реализирана обука за заштита од Ковид-19 за корисниците на нашите услуги

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа обука за заштита од Ковид-19 на корисниците на нашите услуги, но и за лицата кои даваат помош.

Наставата ја држи епидемиолог Мери Гочева Николовска, која со практични примери покажуваше како се врши заштитата, a обуката се спроведува преку проектот АДА, Финансиран од Австриска агенција за развој, Австриски Црвен крст и Црвен крст на Република Северна Македонија.

Црвен крст Струмица уште еднаш  потврдува дека посветува посебно внимание на заштитата на нашите идни корисници.

Tags: , ,
< врати се назад