ноември 10, 2021

Младите волонтери ги развиваа идеите за заштита на животната средина

Младите волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица развиваа идеи за заштита на животната средина во соработка со Бизнис иновацискиот центар на Струмица.

Рециклирај и заработи е идеја во градење мрежа во Општина Струмица и регионот помеѓу бизнис, невладиниот и јавниот сектор –Локална самоуправа, со основна цел  цел намалување на ѓубрето од контењерите со отпад од  пијалоци како и пластика и стакло, оставајќи ги нашите паркови, реки, јавни површини, училишта  многу почисти и поздрави, но и можност за обезбедување приход за непрофитниот сектор.

Нашите волонтери создадоа многу нови идеи, со кои ќе дадат свој придонес во заштитата на животната средина.

 

Tags: , , , ,
< врати се назад