март 8, 2021

Клубот на млади и денес се вклучи во акцијата „Жените возат одговорно, биди горда што си жена и што си безбеден возач“

Волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица и денес по повод Денот на жената- Осми март се вклучија во акцијата „Жените возат одговорно, биди горда што си жена и што си безбеден возач“, која ја организираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  а која и вчера се одвиваше во Струмица.

Нашите волонтери, заедно со Отсекот за превенција при СВР Струмица, делеа флаери и освежувачи на жените возачи и совети за безбедно возење.

Tags: , , , ,
< врати се назад