септември 23, 2026

ГО ЗГОЛЕМУВАМЕ НАШИОТ ЛОКАЛЕН ТИМ ЗА БРЗ ОДГОВОР И ПОДГОТВЕНОСТ ПРИ КАТАСТРОФИ

Дали сакаш да бидеш дел од тим кој е подготвен да помогне тогаш кога помошта е најпотребна? 🤝

Црвен крст ОО Струмица отвора повик за нови волонтери кои сакаат да се приклучат кон нашиот Локален тим за брз одговор и подготвеност при катастрофи.

🔴 Кој може да се пријави?

Заинтересираните кандидати треба да:

имаат од 18 до 40 години;

бидат во добра физичка и психичка кондиција;

имаат желба за волонтирање и тимска работа;

поседуваат емпатија и разбирање кон луѓето и заедницата;

имаат желба да помагаат и придонесуваат во тешки и кризни ситуации;

ја почитуваат и поддржуваат хуманитарната мисија и принципите на Црвениот крст;

бидат одговорни, посветени и подготвени за обука и ангажман.

🤲 Не е потребно да бидеш професионалец – потребни се волја, човечност, одговорност и желба да помогнеш.

Ако се препознаваш во ова и сакаш да бидеш дел од тимот кој реагира кога е најпотребно, приклучи ни се!

📞 За пријавување и дополнителни информации:

071-345-901

strumica@redcross.org.mk

❤️ Биди подготвен. Биди хуман. Биди дел од тимот!

< врати се назад