
септември 2, 2021
Доделени благодарници на нашите волонтери- матуранти
Општинската организација на Црвен крст Струмица им додели благодарници на повеќе наши волонтери од Клубот на млади по повод нивното матурирање, но и за досегашниот ангажман во повеќе проекти на Организацијата, како и за ангажманот во процесот на вакцинација.
Благодарниците им беа врачени по повод Светскиот ден на волонтерите.
Од срце им благодариме на нашите вредни волонтери и им посакуваме успех во понатамошното школување.
< врати се назад