
јуни 5, 2021
Црвен крст Струмица и Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ почнаа долгорочна соработка за помош на граѓаните
Општинската организиација на Црвен крст Струмица и општествено одговорната компанија ЗЕГИН, преку Фондацијата „д-р Верица Механџиска“, почнаа долгорочна соработка за помош на граѓаните на кои таа им е најпотребна.
Имено, помошта која ја обезбедува Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ ќе биде континиурана и преку нашата организација ќе биде поделена.
Со оваа долгорочна хумана акција на нашиот партнер, Фондацијата „д-р Верица Механџиска“, ќе бидат опфатени жители од струмичкиот регион, односно општините Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.
< врати се назад